Македонски   

Интернационални термини
D: Böblingen 11.09.2010
A: Wien 19.09.2010
CH: Zürich 26.09.2010
SLO: Ljubljana 5.09.2010
SLO: Rogaska 8.09.2010
USA: Jackson Hole 02. - 03.10.2010
USA: Las Vegas October 2010
USA: Philadelphia 22. - 24.10.2010
USA: Miami October 2010
USA: Los Angeles 16. - 18.10.2010
USA: San Francisco 8. - 10.10.2010
USA: Hawaii 29.12.10 - 2.01.11
JAPAN: Kobe April 2011
 
“Сите ние носиме семе во нас кое еден ден може да прерасне во прекрасен плод.” Брацо


Оваа реченица го опишува она што илјадници луѓе го почувствувале по сеансата со Брацо. Тој го има посветено својот живот за да ги разбуди сите тие позитивни и убави чувства и енергии што сите ги носиме во нас, и да им помогне на болните, ташните и безнадеѓните луѓе.
Брацо не зборува со своите посетители, ниту ги допира, ниту користи некоја други форми на невербални сугестии. Тој едноставно гледа во нив. Но, неговите успеси и извештаите на посетителите за фасцинирачките заздравувања и позитивните промени во нивните животи привлекуваат се повеќе и повеќе луѓе од целиот свет. И за време на тие тивки сеанси луѓето чувствуваат дека се длабоко допрени иако немаат директен и личен контакт со Брацо. Тие чувствуваат како се допрени од невидливи и тивка моќ, која тече низ нив, а тие се обидуваат да се отворат и да ја присвојат таа енергија.

Драго Плецко, познат научник и експерт на спиритуалните феномени веќе повеќе од три години ја гледаат и истражуваат работата на Брацо и неговите резултати. Тој ги опишува сеансите како: “говор од срце-на-срце, момент во кој можеме да го вкусиме нектарот на љубовта, кој може да измени се во нашите животи и кој ни дава способност да правиме чуда со самите нас и нашите животи.”

Плецко вели дека, сеансата со Брацо е само првот чекор во процесот, процес кој треба да го следиме и треба да работиме со таа енергија и моќ која ја примаме за време на сеансата со Брацо, користејќи ги алатките и медијата, кои можеме да ги однесеме дома.

Брацо никогаш не им ветува помош или лек на посетителите и тој за себе вели дека не исцелител. Тој вели:”Јас сум нормална личност, јас само ја открив таа невидлива енергија и сакам да ја поделам со сите. Знам дека сите можат да ја почувствуваат и да ја негуваат таа енергија, исто така.”

Се повеќе и повеќе научници потврдуваат дека нашето тело и нашиот дух се директно взаемно поврзани, и сите тие научници не се изненадени од фасцинирачките успеси и извештаи за работата на Брацо, бидејќи тие знаат дека духовното здравје влијае на телесното.

Брацо ги опишува тие моменти, кога тој стои пред луѓето, со следните зборови: “Се обидувам да ги прегрнам сите тие луѓе и да им дадам невидлива и длабока прегратка, полна со љубов и топлина. Се обидувам да го објаснам тој блесок кој сите го носиме во нас и кој може да го направи тој прекрасен оган од љубов во нас.”

 
Датуми и настани во САД/Јапонија

3-4 Октомври, Jackson Hole,Wyoming

8-10 Октомври, San Francisco

Брацо за Нова Година на Hawaii

29 декември, 2010 - 2 Јануари, 2011

Брацо во Јапонија

Април 2011,

погледнете повеќе на:
Датуми и настани

Сребрњак 1, Загреб
Најчесто можете да посетите сеанса со Брацо во неговиот центар во Загреб од понеделник до среда.

Во четврток и недела центарот е затворен.

Во петок и сабота, додека Брацо патува низ Европа, можете да посетите сеанса со глас на Сребрењак 1.

Погледот на Брацо:
понеделник 08:00 - 18:00.
вторник 08:00 - 16:00.
среда 08:00 - 16:00.

Гласот на Брацо
петок 08:00 - 16:00.
сабота 08:00 - 13:00.

Правно одрекување
Сеансите со Брацо не се поврзани со ниту една религија, црква или идеологија.

Тие се отворени за секого независно од неговата религија, раса, боја на кожата и култура.

Брацо не ветува помош или лек и сеансите со него не се замена за медицинската помош или терапиите кои што вашиот доктор Ви ги препишал.

Ве молиме следете ги советите на вашиот доктор пред и после секоја сеанса и консултирајте се со докторот за секој проблем со здравјето.

Брацо се обидува да им даде нешто на своите посетители во обид да им помогне на докторите, но тој не е замена за докторите, медицината и терапиите.

Центар  за  душевна  и  телесна  ревитализација  ДООЕЛ "САЛУС ПЛУС"  -  Скопје     Тел: 075/25 48 25