Македонски   

Интернационални термини
D: Böblingen 11.09.2010
A: Wien 19.09.2010
CH: Zürich 26.09.2010
SLO: Ljubljana 5.09.2010
SLO: Rogaska 8.09.2010
USA: Jackson Hole 02. - 03.10.2010
USA: Las Vegas October 2010
USA: Philadelphia 22. - 24.10.2010
USA: Miami October 2010
USA: Los Angeles 16. - 18.10.2010
USA: San Francisco 8. - 10.10.2010
USA: Hawaii 29.12.10 - 2.01.11
JAPAN: Kobe April 2011
 

Филмови

Сите филмови и книги можете да ги набавите во просториите на Центарот за душевна и телесна ревитализација ДООЕЛ "САЛУС ПЛУС" Скопје и во Поликлиника "Медика - плус" - Скопје, булевар
К. Ј. Питу, до заградата на Космофон - Неоком после нова железничка станица. Тел: 075 / 25 48 25.

Сите филмови се на српско-хрватски, англиски и германски. Преводите на унгарски јазик ќе пристигнат наскоро, а филмот "БРАЦО" е достапен и на италјански јазик.

Film Braco

"БРАЦО"
Нај детален и можеби најимпресивен филм за Брацо.
Филмот има три дела, објаснува и ви овозможува да го почуствувате импулсот што Брацо го создава во нас. Првиот дел Ви ја прикажува целосната приказна за Брацо, од деновите кога Брацовиот учител и предходник Ивица почнал со работа па се до денес, каде само неколку минути поглед во очите на Брацо го менуваат животите на илјадници луѓе секој месец. Вториот дел ја прикажува реакцијата на луѓето, тие процеси, кои се активираат во нас и како Брацо работи денес: Стоејќи пред група луѓе кои го слушаат неговиот глас. Во третиот дел ќе ја погледнете реакцијата на разни медиуми и телевизии и ќе погледнете што видни личности како пејачи, спортисти и научници велат за Брацо.

Можете да погледнете како Брацо работи во центарот на Загреб, настани и конгреси насекаде во Европа, и секако можете да погледнете во очите на Брацо уште еднаш и да ја повторите и продлабочите вашата сеанса со него и оваа неверојатна моќ. Ова е првиот филм, кој исто така е достапен и на италијански јазик .

Film Aufbruch

“Нов почеток”
Овој филм со Брацо прикажува некои од најимпресивните сеанси со Брацо во 2007. На пример една од првите сеанси што Брацо некогаш ги направил под отворено небо, во февруари 2007, или неговата позната сеанса во сликовитиот амбиент на “Schloss Ort” во Гмуден, Австрија. Овој филм го содржи најдолгото гледање на Брацо во Вас, што можете да го најдете во било кој филм кој досега е излезен. Овој филм Ви дава повеќе време да видете и почуствувате што се случува кога сте со Брацо и неговата енергија.


Film Inneres Erwachen


“Невидлива прегратка”
Брацо на светскиот конгрес во ноември 2006 во Базел, Швајцарија (Basel PSI-Days). Неколку илјади научници и специјалисти за анализа и истражување на исцелувањето и исцелителните методи го сретнаа за прв пат Брацо и присуствуваа на неговите сеанси. Вклучува фасцинантни извештаи и импресивни интервјуа со научници и истражувачи, што јасно потврдува и ја документира иниверзалната моќ и силниот ефект на Брацовите сеанси и оваа енергија. Со гледање на овој филм Вие ќе можете да присуствувате на неговата сеанса во Базел и да почуствувате што се случува.

Film Inneres Erwachen

“Внатрешно будење”
Какво импресивно сценарио: Неколку илјади луѓе дојдоа да го посетат Брацо во неговиот центар во Загреб на неговиот роденден, и сите дојдоа да му заблагодарат. Во овој филм можете да видете зошто! Фасцинантни извештаи и инервјуа од луѓето што ја примиле оваа енергија и како некои од најужасните болести и здраствени проблеми исчезнуваат. Ќе погледнете како Брацо се среќава со овие луѓе, и да присуствувате преку овој филм на сеансата на неговиот роденден во ноември 2006. на



Film vom Funken zur Flamme

“Од искра до оган”
Овој филм ќе ви даде извонредна шанса да го почуствувате Брацо и неговата енергија! Ова е единствен документ, кој е достапен за јавноста, да доживеете сеанса со погледот на Брацо и со присуство на неговиот глас. Можете да го видите и слушнете Брацо и да ја примите неговата енергија со гледање и/или слушање. Некои луѓе велат дека ја чуствуваат енергијата посилно кога ќе ги затворат очите и само го слушаат гласот на Брацо. Пробајте и почуствувајте, направете ваше искуство!




Film frei wie ein Vogel

“Слободен како птица”
На Сребрењак 1 во Загреб, Брацо се среќава со неговиот учител и предходник Ивица. Тој помага на илјадници луѓе секој ден со неговите неверојатни способности како исцелител и како претскажувач. Во пролетта 1995 Ивица умре во несреќа и одтогаш Брацо го наследува Ивица и продолжува со работа. Овој филм е снимен на роденденот на Ивица во 2007 кога неколку илјади луѓе дојдоа на Сребрењак и им се заблагодарија на Ивица и на Брацо. Луѓето што го познавале Ивица опишуваат кој бил тој и како им помогнал и како уште се поврзани преку неговите книги, филмови и симболот на сонцето.

Film Leben nach dem Leben

“Живот после животот”
Животот на Брацо и Ивица. Два животи споени заедни и ни ја даваат сета оваа енергија и моќ!

Погледнете како се ова започна со Ивица, учителот на Брацо. Погледнете како Ивица го почна, како Брацо му се приклучи и како Брацо го продолжи по смртта на Ивица. Комплетната приказна. Погледнете и почуствувајте ги Ивица и Брацо. Разберете зошто луѓето го чуствуваат Ивица преку Брацо.

 
Датуми и настани во САД/Јапонија

3-4 Октомври, Jackson Hole,Wyoming

8-10 Октомври, San Francisco

Брацо за Нова Година на Hawaii

29 декември, 2010 - 2 Јануари, 2011

Брацо во Јапонија

Април 2011,

погледнете повеќе на:
Датуми и настани

Сребрњак 1, Загреб
Најчесто можете да посетите сеанса со Брацо во неговиот центар во Загреб од понеделник до среда.

Во четврток и недела центарот е затворен.

Во петок и сабота, додека Брацо патува низ Европа, можете да посетите сеанса со глас на Сребрењак 1.

Погледот на Брацо:
понеделник 08:00 - 18:00.
вторник 08:00 - 16:00.
среда 08:00 - 16:00.

Гласот на Брацо
петок 08:00 - 16:00.
сабота 08:00 - 13:00.

Правно одрекување
Сеансите со Брацо не се поврзани со ниту една религија, црква или идеологија.

Тие се отворени за секого независно од неговата религија, раса, боја на кожата и култура.

Брацо не ветува помош или лек и сеансите со него не се замена за медицинската помош или терапиите кои што вашиот доктор Ви ги препишал.

Ве молиме следете ги советите на вашиот доктор пред и после секоја сеанса и консултирајте се со докторот за секој проблем со здравјето.

Брацо се обидува да им даде нешто на своите посетители во обид да им помогне на докторите, но тој не е замена за докторите, медицината и терапиите.

Центар  за  душевна  и  телесна  ревитализација  ДООЕЛ "САЛУС ПЛУС"  -  Скопје     Тел: 075/25 48 25