|
Интернационални термини |
| D: |
Böblingen |
11.09.2010 |
| A: |
Wien |
19.09.2010 |
| CH: |
Zürich |
26.09.2010 |
| SLO: |
Ljubljana |
5.09.2010 |
| SLO: |
Rogaska |
8.09.2010 |
| USA: |
Jackson Hole |
02. - 03.10.2010 |
| USA: |
Las Vegas |
October 2010 |
| USA: |
Philadelphia |
22. - 24.10.2010 |
| USA: |
Miami |
October 2010 |
USA: |
Los Angeles |
16. - 18.10.2010 |
USA: |
San Francisco |
8. - 10.10.2010 |
USA: |
Hawaii |
29.12.10 - 2.01.11 |
| JAPAN: |
Kobe |
April 2011 |
|
|
|
Гласот на Брацо
Брацо патува многу, и неговите посетители во Загреб го знаат тоа.
Но тие постојано доаѓаат во центарот, без разлика дали Брацо е таму или не,
бидејќи знаат дека можат да ја почувствуваат таа енергија не само со гледање
во неговите очи, туку и со слушање на неговиот глас. Во деновите кога Брацо
патува низ земјите посетителите доаѓаат во Сребрњак, во група, и го слушаат
неговиот снимен глас. Повеќето од нив ги затвораат очите во тие моменти и ја
доживуваат точно истата реакција како кога стоеле пред Брацо и гледале во неговите очи.
Кај некои од нив реакцијата е дури посилна кога го слушаат гласот на Брацо, а резултатите
со нивното здравје и со другите проблеми се на исто ниво како и при директните сеанси со Брацо.
Брацо зборува на својот мајчин јазик, и многу е неверојатно тоа што дури и во
Германија или во други земји каде луѓето не разбираат што зборува Брацо, реакциите
на посетителите за време на сеансите со глас се исти со реакциите на оние луѓе што
го разбираат Брацо. Овој резултат на многу добар начин укажува на тоа дека не е важен
методот по кој ќе дојдеме до Брацо и како ја остваруваме врската со него и со оваа енергија.
Што чувствувааме и што добиваме едноставно зависи од тоа колку сме отворени и дали можеме
да ги надминеме нашите внатрешни бариери. Ова е нашиот пат во тој процес, ова е како ние
можеме да придонесеме во остварувањето на промените.
Многу луѓе ги повторуваат тие моменти гледајќи го дома филмот со гласот на Брацо,
во кој освен што го гледате Брацо можете и да го слушате.
Објаснувањата и заклучоците на експертите и научниците се исти како и
нивните заклучоци за сеансите со Брацо. За време на тие моменти, кога го
слушаме гласот на Брацо ние очигледно дека можеме достигнеме повисоко ниво
на свесност. Тоа е ниво на свеснот кое повеќето од нас не можат да го достигнат
без помош на Брацо, и за време на тие моменти ние очигледно можеме да ја развиеме,
почувствуваме и користиме таа внатрешна моќ која може да ни ги промени животите.
|
|
| Датуми и настани во САД/Јапонија |
|
3-4 Октомври, Jackson Hole,Wyoming
8-10 Октомври, San Francisco
Брацо за Нова Година на Hawaii
29 декември, 2010 - 2 Јануари, 2011
Брацо во Јапонија
Април 2011,
погледнете повеќе на:
Датуми и настани
|
|
Сребрњак 1, Загреб
|
|
Најчесто можете да посетите сеанса со Брацо во неговиот центар во Загреб од понеделник до среда.
Во четврток и недела центарот е затворен.
Во петок и сабота, додека Брацо патува низ Европа, можете да посетите сеанса со глас на Сребрењак 1.
Погледот на Брацо:
понеделник 08:00 - 18:00.
вторник 08:00 - 16:00.
среда 08:00 - 16:00.
Гласот на Брацо
петок 08:00 - 16:00.
сабота 08:00 - 13:00.
|
|
Правно одрекување
|
|
Сеансите со Брацо не се поврзани со ниту една религија, црква или идеологија.
Тие се отворени за секого независно од неговата религија, раса, боја на кожата и култура.
Брацо не ветува помош или лек и сеансите со него не се замена за медицинската помош или терапиите кои што вашиот доктор Ви ги препишал.
Ве молиме следете ги советите на вашиот доктор пред и после секоја сеанса и консултирајте се со докторот за секој проблем со здравјето.
Брацо се обидува да им даде нешто на своите посетители во обид да им помогне на докторите, но тој не е замена за докторите, медицината и терапиите.
|
|