Македонски   

Интернационални термини
D: Böblingen 11.09.2010
A: Wien 19.09.2010
CH: Zürich 26.09.2010
SLO: Ljubljana 5.09.2010
SLO: Rogaska 8.09.2010
USA: Jackson Hole 02. - 03.10.2010
USA: Las Vegas October 2010
USA: Philadelphia 22. - 24.10.2010
USA: Miami October 2010
USA: Los Angeles 16. - 18.10.2010
USA: San Francisco 8. - 10.10.2010
USA: Hawaii 29.12.10 - 2.01.11
JAPAN: Kobe April 2011
 

Ивица и Брацо


“На оваа земјин свет се е строго предодредено. Нема случајности и сите ја живеат сопствената судбина.”     Ивица

Bild vom jungen Ivica Prokic Тие припаѓаат еден на друг. Луѓето што го познавале Ивица, велат дека денес, кога гледаат во Брацо можат да го почувствуваат Ивица, неговата моќ и неговата енергија. И Брацо се труди да го продолжи она што го започнал Ивица, с ледејќи го патот кон кој е отворен.
Ивица е роден на 4-ти август 1950 година, во мало село, јужно од српските планини. Како мало момче, на седум годишна возраст, кога играјќи си во вода со други деца, Ивица паднал и останал да лежи неколку секунди. Потоа опишал дека за време на тие моменти почувствувал како дел од сонцето влегол во неговото тело – и ова очигледно тоа бил пресуден момент во кој се активирале неговите извонредни способности.
Уште како дете Ивица чувствувал дека е различен од другите деца. Но, му требаше многу време за да свати каков вид на посебни способности поседува. Уште кога бил млад чудни визии почнале да му се појавуваат, и со текот на годините визиите станувале се посилни и посилни. Со време тој забележал дека некои од тие чудни работи што ги имал видено во визиите станале реалност, и конечно Ивица почнал да разбира некои од тие визии и симболи, кои му се прикажувале.

После се, тој дошол во Загреб каде се запознал со некои луѓе кои работеле со биоенергија, а тоа всушност биле луѓето луѓето кои ги препознале неговите исклучителни способности како претскажувач и како исцелител, и кои му го дале конечниот импулс на Ивица за да ја започне неговата работа со љубов и помош. Почнувајќи како претскажувач кој го гледал минатото, сегашноста и иднината, Ивица започнал со работа користејќи мало огледало, што нас не потсеќа на техниката која Нострадамус ја развил и ја користел ви 16-тиот век (тоа се деновите кога Ивица Прокиќ не знаел за работата и личноста на Нострадамус). Подоцна Ивица започна се повеќе да ги развива неговите методи на работа и конечно имал краток, личен разговор со посетителите, на кои има дал лични совети за нивните животи и за животите на нивните блиски личности, чии слики луѓето му ги покажале на Ивица. Тој исто така на секој посетител му поклонил по една негова книга, со цел да им помогне да нучат и подобро да го разберат животот и самите себе, и многу од посетителите дека и преку книгата можеле да почувствуваат силна исцелителна моќ.

Сите го опишуваат Ивица како многу харизматична личност со силни претскажувачки и исцелителни способности, кои со текот на годините стануваат се посилни и посилни. Тој напишал 13 книги и го видел доаѓањето на Брацо, и здружувањето со него, многу порано пред да се запознаат. Тој дури и го опишал Брацо во неговите книги како негов следбеник, и кога Ивица починал тој знаел дека Брацо ќе ја продолжи неговата работа со љубов и здравје.

Braco lächelt Брацо го запознал Ивица на 11-ти октомври 1993 година , и во моментот кога го видел Ивица за прв пат, тој доживеал неверојатно чувство на љубов и среќа и веднаш одлучил да се откаже од својот живот на фарма, како бизнисмен, и да му се придружи на Ивица. Откако Ивица починал во 1995 година, луѓето не престанале да доаѓаат. Денес посетителите на Ивица доаѓаат во Сребрњак за да му кажат на Брацо дека тој бил предодреден за да го следи Ивица и да ја продолжи неговата работа. – И тој започнал да ја врши таа работа, која денес, секоја година им помага на илјадници луѓе и на нивните сакани.
Денес, после повеќе од 12 години, неговата моќ е толку силна, што само неколку моменти гледање во група од луѓе се доволни за да ги предизвика сите тие неверојатни ефекти и реакции кај посетителите. Тие ефекти, што се прикажани во повеќе од 76 филмови и кои се документирани во неколку стотици случаеви.

 
Датуми и настани во САД/Јапонија

3-4 Октомври, Jackson Hole,Wyoming

8-10 Октомври, San Francisco

Брацо за Нова Година на Hawaii

29 декември, 2010 - 2 Јануари, 2011

Брацо во Јапонија

Април 2011,

погледнете повеќе на:
Датуми и настани

Сребрњак 1, Загреб
Најчесто можете да посетите сеанса со Брацо во неговиот центар во Загреб од понеделник до среда.

Во четврток и недела центарот е затворен.

Во петок и сабота, додека Брацо патува низ Европа, можете да посетите сеанса со глас на Сребрењак 1.

Погледот на Брацо:
понеделник 08:00 - 18:00.
вторник 08:00 - 16:00.
среда 08:00 - 16:00.

Гласот на Брацо
петок 08:00 - 16:00.
сабота 08:00 - 13:00.

Правно одрекување
Сеансите со Брацо не се поврзани со ниту една религија, црква или идеологија.

Тие се отворени за секого независно од неговата религија, раса, боја на кожата и култура.

Брацо не ветува помош или лек и сеансите со него не се замена за медицинската помош или терапиите кои што вашиот доктор Ви ги препишал.

Ве молиме следете ги советите на вашиот доктор пред и после секоја сеанса и консултирајте се со докторот за секој проблем со здравјето.

Брацо се обидува да им даде нешто на своите посетители во обид да им помогне на докторите, но тој не е замена за докторите, медицината и терапиите.

Центар  за  душевна  и  телесна  ревитализација  ДООЕЛ "САЛУС ПЛУС"  -  Скопје     Тел: 075/25 48 25