Македонски   

Интернационални термини
D: Böblingen 11.09.2010
A: Wien 19.09.2010
CH: Zürich 26.09.2010
SLO: Ljubljana 5.09.2010
SLO: Rogaska 8.09.2010
USA: Jackson Hole 02. - 03.10.2010
USA: Las Vegas October 2010
USA: Philadelphia 22. - 24.10.2010
USA: Miami October 2010
USA: Los Angeles 16. - 18.10.2010
USA: San Francisco 8. - 10.10.2010
USA: Hawaii 29.12.10 - 2.01.11
JAPAN: Kobe April 2011
 

Моќта на погледот


Најпознатиот метод за да ја почувствувате оваа невидлива моќ е сеансата со Брацо, и моментот кога тој гледа директно во Вашите очи. За многу луѓе оваа е најсилниот начин да се почувствува таа енергија.

Braco´s Gebender Blick
Групите се состојат од 50 до неколку стотици луѓе и понекогаш кога групите се поголеми и енергијата посилно се чувствува. Брацо стои пред луѓето на пиедестал за да им овозможи на сите да го гледаат директно во очи. Тој едноставно само гледа во групата без да ги движи очите и телото, и за време на тие моменти тој се труди да им ја предаде на луѓето целата љубов и енергија што тече во него. Посетителите се концентрираат на неговите очи и на желбите, што ги посакуваат за себе или за други.
Многу од нив чувствуваат внатрешна тишина и сигурност и ги опишуваат тие моменти како моменти на мир, слобода и љубов. Некои доживуваат физички реакции како потење, силно чукање на срцето, тресење и виткање на телото напред и назад. После сеансите луѓето изјавуваат за нивните напредувања, кои најчесто можат да се забележат како процес на подобрување од сеанса во сеанса, но понекогаш исто и како моментална реакција и заздравување за време на сеансата.

Драго Плецко , научник кој го истражувал Брацко и нековите резултати повеќе од три години, често ги посетува сеансите на Брацо и зема многу изјави од посетителите, кои велат дека забележале намалување или исчезнување на тумор, чудесни опоравувања кај хендикепирани лица и елиминација на различни психички и психофизички проблеми. Плецко за сеансите со Брацо вели:
“Најчесто прашање е: што е Modus Operandi за Брацо, кој за време на 5-минутната сеанса не кажува ниту збор? Најдобриот исцелител кој комуницира со луѓето само со поглед е критикуван како “премногу фантастичен за да е реален”!
Но, денес имае неколку идеи за структурата на нервниот систем кој дозволува некои индивидуи да дејствуваат во “не-локална реалност“ само со вистински намери. Исто така Брацо не се смета самиот себе за светец на некој верски собир, тој често ја доживува фазата на “внатрешна сигурност”, кога нештата имаат одредена насоко. Тој во прашањата избегнува да укачува на индивидуи, бидејќи тоа секогаш создава тек на непотребни, контрапродуктивни распрашувања кои се застрашувачки за позитивната енергија која е на повидок.
Текот на енергијата мора да биде спонтан и природен. Одбегнувањето на “што е” е најдобриот начин да се реши било која комплексна и наизглед безнадежна ситуација.

Се верува дека постојат два начина на кои може да работи “не-активното дејствување” на Брацо. Прво, активирање на структура на мозокот позната како Божји модул, и второ, создавање на радикални промени во духовната анатомија. Секако, и дваете гледишта се отворени за дискусија, дури е и пожелно да се разјаснат овие идеи во полза на подобрувањето на статистиките поврзани со работата на Брацо.
Како и да е, Брацо постојано нагласува дека не е заинтересиран за никакви истражувања или анализи на неговите постапки, кои се ексклузивно посветени да им помагаат на неговите блиски луѓе. Тој не бара да му дадете нешто повеќе од Вашето целосно внимание за време на сеансите. Оставете ги вашите материјални работи пред вратите, не стискајте ги торбите или паричниците во раце и едноставно – оставете да се случи. Во овие 5 минути посветете се само на Вашите користи. Останете фокусирани. Не пресметувајте. Не преговарајте во себе. Не брзајте. Не туркајте. Не давајте имиња. Едноставно – нека се случи. И примајте.
Оваа сеанса е само Вашиот прв чекор. Продолжете понатаму и продолжете да работите со таа енергија, вратете се и кориетете ги филмовите и книгите. Ништо не е безплатно! Можеби ќе треба да инвестирате во трпение и доверба.“

 
Датуми и настани во САД/Јапонија

3-4 Октомври, Jackson Hole,Wyoming

8-10 Октомври, San Francisco

Брацо за Нова Година на Hawaii

29 декември, 2010 - 2 Јануари, 2011

Брацо во Јапонија

Април 2011,

погледнете повеќе на:
Датуми и настани

Сребрњак 1, Загреб
Најчесто можете да посетите сеанса со Брацо во неговиот центар во Загреб од понеделник до среда.

Во четврток и недела центарот е затворен.

Во петок и сабота, додека Брацо патува низ Европа, можете да посетите сеанса со глас на Сребрењак 1.

Погледот на Брацо:
понеделник 08:00 - 18:00.
вторник 08:00 - 16:00.
среда 08:00 - 16:00.

Гласот на Брацо
петок 08:00 - 16:00.
сабота 08:00 - 13:00.

Правно одрекување
Сеансите со Брацо не се поврзани со ниту една религија, црква или идеологија.

Тие се отворени за секого независно од неговата религија, раса, боја на кожата и култура.

Брацо не ветува помош или лек и сеансите со него не се замена за медицинската помош или терапиите кои што вашиот доктор Ви ги препишал.

Ве молиме следете ги советите на вашиот доктор пред и после секоја сеанса и консултирајте се со докторот за секој проблем со здравјето.

Брацо се обидува да им даде нешто на своите посетители во обид да им помогне на докторите, но тој не е замена за докторите, медицината и терапиите.

Центар  за  душевна  и  телесна  ревитализација  ДООЕЛ "САЛУС ПЛУС"  -  Скопје     Тел: 075/25 48 25