Македонски   

Интернационални термини
D: Böblingen 11.09.2010
A: Wien 19.09.2010
CH: Zürich 26.09.2010
SLO: Ljubljana 5.09.2010
SLO: Rogaska 8.09.2010
USA: Jackson Hole 02. - 03.10.2010
USA: Las Vegas October 2010
USA: Philadelphia 22. - 24.10.2010
USA: Miami October 2010
USA: Los Angeles 16. - 18.10.2010
USA: San Francisco 8. - 10.10.2010
USA: Hawaii 29.12.10 - 2.01.11
JAPAN: Kobe April 2011
 

Критики од научници и експерти

Dr. Harald Wiesendanger
Dr. Harald Wiesendanger / Germany

Dr. Wiesendanger еден од врвните експерти за исцелители и исцелување и има светски признаени достигнувања со издадени 28 книги. Тој е основач на IAOH ("Интернационална Агенција на Истакнати Исцелители"), која анализира и истражува исцелители од целиот свет со тим од доктори, психолози и експерти од тоа поле.
  Dr. Wiesendanger за Брацо: "Јас веќе присуствував двапати на тие групни сеанси и бев љубопитен да видам што ќе се случи. И секој пат бев импресиониран од сведочењата на присутните а некои од нив дури и самите беа доктори, кои објаснуваа како тие сеанси со Брацо им помогнале: Дури и парализи, алергии и тумори исчезнувале.
Но јас не бев импресиониран само од тие сведочења, бев импресиониран и од однесувањето на Брацо: И покрај фактот дека одржал илјадници служења како светец, тој останал толку природен, љубезен, личност што ја задржал неговата хуманост. Тој строго се придржува до неговите убедувања дека не треба да се прави бизнис од нешто што ти е дадено како дарба. Можел да заработи милиони наплатувајќи по неколку Евра од неговите посетители, но тој не сака да наплатува за присуство на неговите сеанси. Тој помага за бесплатно и дури не сака да прима и подароци. Тој има знаење како да се стане ѕвезда во медиумите, но тој одбива да дадава и интервјуа.
Брацо преставува позитивен модел за личност исцелител и јас го селектирав како еден од неколкуте исцелители во светот, кој мојата "Интернационална Агенција на Истакнати Исцелители" може да го препорача на секого. Брацо го преставува тој тип на исцелители, кој стана редок исклучкок на пазарот, да нема влијание од комерцијалните интереси, кој не се фали, не е себична личност и не ги преценува своите таленти".


Prof. Alex Schneider
Prof. Alex Schneider, St.Gallen / Switzerland

Prof. Schneider е Претседател на Парапсихолошката Асоцијација на Швајцарија и основач на Базел ПСИ Денови / Светски конгрес за исцелителство. Тој го покани Брацо на светскиот конгрес во ноември 2006 како специјален гостин.
Prof. Schneider за Брацо:
"Го запознав Брацо во 2005 на Базел ПСИ денови и веднаш бев фасциниран и привлечен од неговата личност. Подоцна имав можност да погледнам некои филмови за него и тогаш секако бев фасциниран како неговите посетители добиваат помош и како работи само гледајќи ги луѓето. За една вечер изгледав две негови DVD изданија и утрото скокнав од креветот како младо момче, и ненадејно сватив дека големата болка во мојот грб, од која страдав некое време, изчена веднаш.
Предходно имав гледано сеанси на Брацо на неговите филмови, но кога отпосле присуствував на сеанса во живо тоа беше сосема поинакво искуство! Не сум таква личност која може да почуствува таква работа лесно, но со Брацо навистина почуствував нешто невообичаено. За нас е навистина многу специјално и инзвонредно да видиме колку многу луѓе добиваат помош од него и неговата работа и исто така да видиме дека помага на луѓе со многу различни болести и заболувања. Споредувајќи го него со други исцелители и методи, ќе заклучите дека тој и неговите методи се комплетно различни. Јас мислам дека помошта на повеќето успешни исцелители се базира на моќта на парите. Но со Брацо ќе ја почуствувате оваа љубов на посебно силен начин. Тој има несебична љубов и високо ниво на свесност и тоа е причината што го поканивме на нашиот светски конгрес во 2006 како клучен гостин. "


Drago Plecko

Drago Plecko, Hrvatska / Научник и автор

Драго Плецко, парапсихолог и експерт за паранормални феномени, патувал низ светот за да бара и да ги истражува мистериите за исцелителството и духовната моќ во античките Источни традиции а исто така и во западните земји. Ги проучил сите најдени литературни и историски записи постари повеќе од илјада години и ги анализирал тие написи, наоди и детали за исцелителите и духовните учители од средниот век и предходно.
Плецко ја истражувал работата и резултатите на Брацо повеќе од три години и напишал илјадници извештаи, над 150 часа филмувани интервјуа и тонски снимки како документација за неверојатни случаеви и опоравувања. На светскиот конгрес во Базел во 2006 ги презентирал своите заклучоци во книгата “Мистеријата викана Брацо”, која во моментот е достапна на хрватски и германски јазик.

“После патувањето по целиот свет повеќе од 30 години за истражување и пронаоѓање на тајните зад мистеријата на духовното исцелителство, конечно ја пронајдов најголемата и најимпресивната моќ во мојата татковина, неколку чекори од сопствената куќа. Тоа е импресивната моќ, која надоаѓа од Брацо и неговата харизма.

Брацо е производ на западната култура и менталитет и неговата работа не може да се објасни со тие погледи и традиции, што јас ги најдов во источните земји. И ако го споредите Брацо со најпознатите исцелители во историјата ќе најдете дека во неговите методи тој ги елиминирал сите нивни мистични елементи. Додека тие користат алати за подршка и сугестивни методи, Брацо им помага на неговите посетители без да користи некои од тие алати и технологии. Тој не користи месмеризам, магнетни полиња, хипнози или кој било друг сугестивен метод. Неговата помош не е поврзана со специфична локација или место како што можеме да сретнеме во Господарите на Медугорје. Можеме да најдеме нешто основно за неговата моќ во традиционалното познавање на духовниот свет но Брацо останува со неговите стапала на земјата на модерната наука и медицина и тој цврсто ги советува своите посетители да ја користат сета достапна помош и можностите која модерната медицина и докторите ке ја нудат. Но ние треба да се чуствуваме слободни да си дозволиме да ја користиме секоја алтернативна помош. Треба секогаш да ја искористиме личноста и помошта во која веруваме. Дури и модерната физика кажува дека денес се е возможно, посебно ако погледнете во моделот на теоријата на хаосот. Ние разбираме дека не можеш да ја предвидиш иднината со сите детали. Но ова разбирање ни овозможува исто така да прифатиме дека има индивидуи кои имаат специјални способности. Способностите, кои ние не можеме да ги објасниме и разбереме, но тоа се способности, кои фактички лекуваат и помагаат на другите луѓе. Брацо се обидуба да најде негов начин да го балансира животот помеѓу неговото тело и неговиот дух и кога тој го објаснува тој пат, звучи прилично филозофски но од друга страна неговиот свет е многу чист и јасен. Тој не потсетува дека треба да се бориме додека не успееме да го елиминираме и последниот негативен атом од нашиот дух. Бидејќи не можеме да ги смениме околностите во нашиот живот но можеме да се смениме самите ние.

Брацо е многу скромна и природна личност кој не дава интервјуа за медиумите и кој не сака да биде во центарот на вниманието. Тој ја ослободува таа специјална енергија која што и сам ја чуствува и ја опишува како “моќта” or “изворот”. Јас не се восхитувам само на неговата моќ, јас исто така се восхитувам на цврстината во животот, и неговиот живот како обична личност на многу пристоен и едноставен начин. ”

Dr. Marino Parodi, Milano/Italy, Психолог и автор

Dr. Parodi ја истражува моќта на говорот и моќта зад духовното исцелителство многу години наназад.

“Јас го запознав Брацо на ПСИ-деновите во Базел во 2006 година и веднаш почуствував нешто невообичаено, нешто моќно во него. Тој е моќен исцелител од кој можеме да научиме многу. брацо вели дека е љубов тоа што ги исцелува луѓето. Тој може да исцелува само поради љубовта што ја носи во себе.

Но кога зборувам за исцелителство мислам на многу повеќе отколку лекување на телото. Зборувам за нов почеток, за барање на смислата на животот и барање на среќата. Брацо има мислење дека здраствените проблеми можат да се решат ако ги најдеме тие работи.

За да ги разбереме научните мислења да ја рабереме природата. Почнуваме да препознаваме дека природата е убава и дека сите битиа на оваа планета се убави. Почнуваме да препознаваме дека сите ние сме духовни суштества и дека сме тука да стекнеме некои искуства. Но не траеме за секогаш.

Постојат многу докази за тоа што го велам. Има милиони луѓе на овој свет кои биле исцелени од заболувања кои изгледале неизлечливи. Тоа е моќен доказ. Јас бев исцелен од безнадежна ситуација и денес сум овде и јас сум здрав и среќен ”.
 
Датуми и настани во САД/Јапонија

3-4 Октомври, Jackson Hole,Wyoming

8-10 Октомври, San Francisco

Брацо за Нова Година на Hawaii

29 декември, 2010 - 2 Јануари, 2011

Брацо во Јапонија

Април 2011,

погледнете повеќе на:
Датуми и настани

Сребрњак 1, Загреб
Најчесто можете да посетите сеанса со Брацо во неговиот центар во Загреб од понеделник до среда.

Во четврток и недела центарот е затворен.

Во петок и сабота, додека Брацо патува низ Европа, можете да посетите сеанса со глас на Сребрењак 1.

Погледот на Брацо:
понеделник 08:00 - 18:00.
вторник 08:00 - 16:00.
среда 08:00 - 16:00.

Гласот на Брацо
петок 08:00 - 16:00.
сабота 08:00 - 13:00.

Правно одрекување
Сеансите со Брацо не се поврзани со ниту една религија, црква или идеологија.

Тие се отворени за секого независно од неговата религија, раса, боја на кожата и култура.

Брацо не ветува помош или лек и сеансите со него не се замена за медицинската помош или терапиите кои што вашиот доктор Ви ги препишал.

Ве молиме следете ги советите на вашиот доктор пред и после секоја сеанса и консултирајте се со докторот за секој проблем со здравјето.

Брацо се обидува да им даде нешто на своите посетители во обид да им помогне на докторите, но тој не е замена за докторите, медицината и терапиите.

Центар  за  душевна  и  телесна  ревитализација  ДООЕЛ "САЛУС ПЛУС"  -  Скопје     Тел: 075/25 48 25