|
Интернационални термини |
| D: |
Böblingen |
11.09.2010 |
| A: |
Wien |
19.09.2010 |
| CH: |
Zürich |
26.09.2010 |
| SLO: |
Ljubljana |
5.09.2010 |
| SLO: |
Rogaska |
8.09.2010 |
| USA: |
Jackson Hole |
02. - 03.10.2010 |
| USA: |
Las Vegas |
October 2010 |
| USA: |
Philadelphia |
22. - 24.10.2010 |
| USA: |
Miami |
October 2010 |
USA: |
Los Angeles |
16. - 18.10.2010 |
USA: |
San Francisco |
8. - 10.10.2010 |
USA: |
Hawaii |
29.12.10 - 2.01.11 |
| JAPAN: |
Kobe |
April 2011 |
|
|
|
Опис на невидливата моќ
Како работи Брацо? Што се случува и што ги предизвикува тие чувства и реакции
кај неговите посетители?
Тие прашања не се лесни за одговор. Експертите како Проф. Алекс Шнајдер
и Драго Плецко со години ја истраживаа и анализираа работата и успесите на
Брацо и немаат јасно објаснување, кое што може да ни каже во детали што
всушност се случува и зошто луѓето ги доживуваат тие силни реакции, па дури
и добиваат помош во некои безнадежни ситуации. Но без разлика дали е Проф. Шнајдер,
Драго Плецко или Др. Хералд Висендангер со неговиот “Меѓународен институт за
истакнати исцелители” – сите тие потврдуваат дека оние импресивни извештаи од
посетителите на Брацо го докажуваат неговиот успех и докажуваат дека има нешто во
Брацо кое може да ги промени животите на многу луѓе и да реши дури и ериозни
здравствени проблеми, како рак, епилепсија и психолошки проблеми.
Брацо за себе вели
дека тој не е исцелител и дека тоа не е тој кој им помага на луѓето.
Тој се обидува да им испрати на луѓето љубов и топлина, и самиот чувствува
дека тече нешто позитивно од него кон посетителите додека гледа во нив. Не е
потребно да гледа во секој посетител посебно, тој гледа во групата без да ги
мрда очите или телото и гледа во сите заедно истовремено. За време на тие моменти
посетителите се трудат да се сконцентрираат на неговите очи и најчесто тогаш го
чувствуваат неговиот допир од љубов или дури доживуваат силни физички реакции а потоа почувствуваат оплина или солзи во нивните очи.
Проф. Alex Schneider објаснува:
“Брацо го подига нивото на свесност кај луѓето. За време на моментите кога
гледа во нас, тој не подига нас на тоа повисоко ниво каде можеме да почувствуваме
кои сме навистина – а тоа е многу повеќе од само нашето физичко тело.
Не носи дома кај самите нас!”
Шнајдер исто така вели дека групната сеанса е многу поефективна отколку
индивидуалната сеанса, бидејќи групната им помага на луѓето полесно да
стигнат до тоа повисоко ниво.
Хрватскиот научник Драго Плецко повеќе од 30 години ја истражувал и анализирал
работата на духовните учители и исцелители низ целиот свет. Кога конечно го запознал
Брацо, откако ја завршил целата работа и кога бил полн со многу длабоки знаења, тој
бил длабоко импресиониран, и изјавил дека на ниту едно место на светот, никогаш не
доживеал толку силна и позитивна енергија и ефекти врз луѓе. Плецко во неговата книга
за Брацо (“Мистеијата за Брацо”) објаснува зошто тој е толку извонреден и моќен.
Тој анализирал многу случаеви и ја споредил работата на Брацо со целата расположлива
литература и знаење за исцелувањето, енергијата, психологијата и физиката.
Резултатот е импресивен: Плецко ги објаснува способностите на Брацо од три различни погледи:
- Според идејата за “bhuttatmas” од Ведас базирана на работата на
Др. Нели Бојд, што значи дека можеме да го промениме материјалниот свет преку нашата свест.
- Според активирање на клучна енергетска точка, која ја поврзува нашата
свест со изворот на сите природни закони и со моќта на природата.
- Според резултатите од “Global Scaling” од Д-р. Hartmut
Müller.
Најневеројатниот резултат што Плецко го пронашол и го опишал е дека
“за време на сеансата со Брацо можат да се доживеат неколку временски линии”
, и тој го споредува тоа искуство со духовното будење, кое што не е исто со обичниот
процес на будење.
Д-р. Harald Wiesendanger
во една реченица укажува на тоа дека, споредени со сите 1000 исцелители кои тој ги
истражувал и анализирал, резултатите на Брацо се извонредни и единствени.
И посетителите на Брацо
го потврдуваат сето ова со постојаните извештаи за тоа како тие ја примиле
помошта и како нивните животи се измениле откако биле на сеанса за да го почувствуваат
и примат она што Брацо се обидува да им го даде. Очигледно дека ефектите не се создаваат
само за време на сеансата. Повеќето од посетителите носат нешто од Брацо дома, за да ги
продолжат и одложат ефектите од сеансите и за да ја задржат менталната врска со Брацо и
неговата невидлива моќ. Тие изјавиваат дека можат и дома да ја почувствуваат таа енергија,
додека ги гледаат филмовите или ги читаат книгите на Брацо.
|
|
| Датуми и настани во САД/Јапонија |
|
3-4 Октомври, Jackson Hole,Wyoming
8-10 Октомври, San Francisco
Брацо за Нова Година на Hawaii
29 декември, 2010 - 2 Јануари, 2011
Брацо во Јапонија
Април 2011,
погледнете повеќе на:
Датуми и настани
|
|
Сребрњак 1, Загреб
|
|
Најчесто можете да посетите сеанса со Брацо во неговиот центар во Загреб од понеделник до среда.
Во четврток и недела центарот е затворен.
Во петок и сабота, додека Брацо патува низ Европа, можете да посетите сеанса со глас на Сребрењак 1.
Погледот на Брацо:
понеделник 08:00 - 18:00.
вторник 08:00 - 16:00.
среда 08:00 - 16:00.
Гласот на Брацо
петок 08:00 - 16:00.
сабота 08:00 - 13:00.
|
|
Правно одрекување
|
|
Сеансите со Брацо не се поврзани со ниту една религија, црква или идеологија.
Тие се отворени за секого независно од неговата религија, раса, боја на кожата и култура.
Брацо не ветува помош или лек и сеансите со него не се замена за медицинската помош или терапиите кои што вашиот доктор Ви ги препишал.
Ве молиме следете ги советите на вашиот доктор пред и после секоја сеанса и консултирајте се со докторот за секој проблем со здравјето.
Брацо се обидува да им даде нешто на своите посетители во обид да им помогне на докторите, но тој не е замена за докторите, медицината и терапиите.
|
|