|
|
|
Македонски |
|
Наредните две среди (28.07 и 04.08) поради годишен одмор и патување
во Загреб за одбележување на роденденот на Ивица, во Скопје не ќе
можете да го слушате гласот на Брацо.
Брацо уште еднаш ќе ги обиколи Хавајските Острови и Los Angeles, California.За првпат ќе го посети San Francisco, Sedona и Јапонија. Датуми и места: Повеќе информации на: Braco.net и BracoAmerica.com Објавена првата книга за Брацо на англиски
Погледот на Брацо во Sheraton Resort Luau Grounds
Сесија со погледот на Брацо во Honolulu
Брацо во Spar Gallery, Maui
Брацо и Angelika јаваат коњи во духовното Waipeo Valley (Big Island) после завршувањето на успешната обиколка на Хавајските Острови која траеше еден месец.
Брацо се враќа во Америка
Почитувани посетители, Ви се обраќаме вам како искрени обожаватели на господинот Брацо, кои со вашето импозантно присуство на средбите со Брацо, а притоа ве има од цела Македонија, Бугарија, Србија, Косово, Црна Гора, сето тоа зборува за вистинската мисија на Брацо која вие со голема почит и респект ја прифаќате, а притоа Брацо се обидува секому да даде нешто, а пред се вистинска верба за сите. Овие средби со Брацо се отворени за секого независно од неговата националност, религија, раса, боја на кожата, образование,култура... Поради се ова, Брацо и кај нас и ширум светот е омилен и со радост пречекуван и прифатен од многу илјадници, среќни и задоволни луѓе. Но, за жал, при двете досегашни посети на Брацо во Скопје, од неколку луѓе кој по професија се новинари и работат во најеминентните новинарски и телевизиски куќи од нам до ден денес непознати причини, се нафрлија кон Брацо и кон нас како организатори, при неговото доаѓање и престој во Скопје, ја извитоперија вистината наспроти нивниот новинарски кодекс, притоа истурија и многу клевети, навреди, измислици со единствена цел да извршат притисок врз одредени инспекцски органи (санитарна, трудова, УЈП, секторот за странци на МВР), за да на Брацо не му биде дозволено да доаѓа во Скопје, а со тоа сите ние и понатаму да се малтретираме и да патуваме по 30 часови минати во автобус до Загреб, и попатно да потрошиме по стотина евра. Најголемата лага и воедно најгнасна клевета беше изречена во централните вести на Телма телевизија на 15.07.2009 година кога уредникот и воедно водител на истите , Емилија Лазаревска во воведот за прилогот на Брацо го кажа следново цитирам: ``Второто доаѓање на исцелителот Брацо кој тврди дека лекува со поглед, поинакво од минатогодишното, кога ги убедуваше присутните дека не бара пари и дека сака да ги излечи од хумани причини. Сега наплаќаат и не даваат фискална сметка, а сеансата ја одржа под силно полициско обезбедување во хотелот Александар Палас``. Несфатливо, подло и многу гнасна клевета произлезена од устата на така искусен долгогодишен новинар, за каква што важи Емилија Лазаревска. Колку за самиот демант, Брацо не лекува ни со поглед ни на било каков друг начин, никого во ништо не убедува и не ветува и никогаш па и сега од никого не бара ниту земал еден денар. А за давањето на фискална сметка сведоци се четирите инспектори од УЈП на град Скопје кој на секој час во текот на целиот ден ги контролираа фискалните апарати. И секако средбата не се одржа под силно полициско обезбедување туку само под ангажман на агенција за обезбедување. За сите овие клевети и навреди г-ѓа Емилија Лазаревска заработи кривична пријава. Уште пред една недела да се одржи средбата со Брацо на 08.07.2009 година во весникот Време беше објавен написот ,, Македонија преплавена со надрилекари`` потпишан од авторот на текстот Валентина Стојанчевска, и во кој новинарот објавил лажни информации и квалификации за г-дин Брацо и организаторот пишувајќи многубројни клевети и навреди по нашиот углед и авторитет. Демантот како наше законско и уставно право, упатен до главниот и одговорен уредник на ,,Време`` г-дин Коле Чашуле не беше објавен и вербално беше одбиен од уредникот, со напомена дека можеме да се обратиме до основниот суд Скопје 1. Ние така и постапивме. И за четирите текстови потпишани од Љубица Балабан во весникот ,,Дневник`` од 15,16,17 јули 2009 година и за истите упативме демант кој не сакаа да ни го објават и покрај нашата упорност произлезена од нашите законски права, замениците на главниот уредник Злате Лозановски, Антонио Спасев и директорот на маркетинг Рибарски со својата ароганција упорно не одбиваа па дури и кога ги замоливме демантот да биде објавен како комерцијален текст - оглас по комерцијална цена што би ја платиле на весникот. Се ова го правеа со единствена цел да ја заштитат својата колешка од изречените клевети и лаги за нас и против нас. Потоа се обидовме истиов демант да го објавиме и во друг весник се со цел да се дознае вистината, но секако бевме одбиени. Уредникот на ,,Време`` по меил ни одговори зошто не го објавува демантот како комерцијален оглас цитираме: ,, Од етички причини затоа што во текстот новинарот се спомнува со име и презиме!!!`` За клеветите што ги изрекоа истиве новинари при првото доаѓање на Брацо во декември 2008 година, тогаш не поднесовме кривични пријави, но овојпат нема да биде така. Против сите овие новинари и нивните уредници се подготвени кривични тужби. За ваша целосна информација, во прилог го објавуваме необјавениот демант што беше наменет за весникот ,, Дневник``. И покрај сите овие нехумани обиди да го спречат Брацо повторно да доаѓа во Скопје, нашата волја и напори се многу големи и Брацо повторно ќе дојде во Скопје, иако сега не знаме точно кога, затоа што господинот Брацо е презафатен со турнеја низ повеќе европски земји, ветуваме, средбата сепак ќе се одржи во блиска иднина. Воедно на сите вас што постојано ни упатувате подршка за нашата истрајност во борба со нечесни новинари кои работат за ситни профитери, Ви благодариме за искрените кажувања и за демантите кои и Вие сте ги упатиле до медиумите, а и Вам не ви ги објавиле. Сите заедно се залагаме да ја заштитиме хуманоста на Брацо и неговата доблест, искажувајки му ја на тој начин нашата голема благодарност.
КОМУ МУ ПРЕЧИ БРАЦО? Демант во името на вистината, Во врска со пишувањето во весникот ``Дневник`` од 15,16 и 17. 07. 2009 на новинарот Љубица Балабан и нејзиниот ``демант врз демант``,од 29 јули 2009 год. во истиот весник. Г-ѓа Љ. Балабан, прво и основно не се задскривајте зад САНИТАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА, стоејќи зад белиот параван, повторно ја извитоперувате вистината кога се обидувате самата да се ``демантирате без демант``и квази професионално сте ги пренеле нивните ``изјави`` и ``ставови``. Во интервјуто што ви го дадов и траеше повеќе од еден час во фоајето на хотелот ``Александар Палас`` и во присуството на вашата колешка од ``Шпиц``, ве подучив со мојата компетентност, освен што сум лекар, и директор на здравствена установа, 20 години сум и овластен судски вештак, ги познавам и законите од областа на правото и медицинските закони. И при тоа ви објаснив дека Државниот Санитарен и Здравствен Инспекторат нема ингеренција да издава дозвола за работа, ниту пак да издава било какви други одобренија. На м-р Јосип Грбавац – Брацо како дипломиран економист, автор, писател, издавач со издадени (објавени) 18 книги и 75 ДВД преку неговата издавачка куќа, ``Буџење`` - Загреб, не му е потребна дозвола од Министерството за Здравство за неговата дејност, затоа што е очигледно дека тој не е лекар и не се бави со никаков вид и начин на лекување, ниту со давање медицинска помош. Кога би било спротивно, според член 209 од Кривичниот Закон на РМ цитирам: `` Тој што без пропишана стручна подготовка, се занимава со лекување или со давање медицинска помош ќе се казни.....`` и оваа законска одредба секако би се применила и за Брацо и тој би бил казнет. Љ.Б. префригано провоцира дека за прекршочните пријави не сум демантирал, а зошто би го сторил тоа, но за истите цитирам од нашето писмо објавено во ``Дневник`` на 28 јули:``Попатно, за прекршочните пријави против Брацо и организаторот поднесени од страна на Санитарната инспекција, најнапред истите треба да бидат процесуирани, пред се правно издржани, подкрепени со аргументи – докази од страна на подносителот, па дури тогаш евентуално санкционирани од судот, што според нас и нашите адвокати би било апсурдно и нон сенс, во контекст на погоре искажаното``. Госпоѓата Љ.Б. се залажува самата себе, во обид да ја лаже јавноста (читателите) дека во писмото не сум демантирал ниту еден збор од нејзиното пишување и неразбрала од писмото што е тоа ``лага`` и ``навреда``. За сите напишани нејзини лаги, клевети, навреди, извитоперени ставови, измислици и квази ``експертски`` квалификации и нејзиниот бес и гнев насочен кон нас од за нејзе разбирливи причини, во продолжение истите ги цитираме: ``Брацо исцелителот од Хрватска ќе лекува со поглед, ама без дозвола`` велите дека: ``Во МВР велат дека ниту побарал дозвола за престој``. Е овде не можете да се скриете зад институциите дека пренесувате изјава затоа што уште повеќе месеци пред престојот на Брацо во Скопје беше известен Секторот на странци на ГУВР и МВР како и при првиот негов престој, Бирото за Јавна Безбедност при МВР. Брацо престојуваше во Скопје со сите ПОТРЕБНИ ДОЗВОЛИ од надлежните министерства, компатибилно со неговата дејност и според Законот за вработување и работа на странци, имаше регулиран престој и преку Агенцијата за вработување. Притоа ``вашата еминентна стручност`` ви дозволува да кажувате глупости дека еден инспекциски орган има поголема надлежност во однос на друго Министерство кое издало согласност и дозвола за престој на Брацо. Што вие друго видовте на промоцијата на книгите на Брацо и кој вам ви дава за право и на слични како вас, на методот на медитација и концентрација кој го презентира Брацо да му давате извитоперени квалификации. Немојте повторно да се повикувате на Санитарната инспекција. И тие не се надлежни и компетентни за тоа. Во правното одрекување истакнато на неговата веб страна и на билетите за посетителите е наведено:“Брацо ништо не ветува и ги советува луѓето со здраствени проблеми да се обратат кај своите доктори и да не ги прекинуваат одредените медицински терапии.,, Кој тука мами или пак доведува некого во заблуда. Новинарката ова го прочитала и го напишала но нејзе тоа и е “чудно” и при тоа не е важно што мислат 2000 луѓе, важно е што Љубица Балабан мисли дека “ тие “ мислат. Таа кога би имала компетиција, би забранила секој “поглед” ако самата претходно не го одобрила. Љ.Б. проследува т.е. проверува како луѓето нешто доживеале за да може да пишува нешто сосема друго. Новинарката заклучила дека луѓето по средбата со Брацо не би смееле да се чувствуваат подобро. Тоа би било знак дека е “исцелител”. И секако новото име за менталната хигиена е изданието “перење на мозок- новинарска хигиена”, од Љубица Балабан. Во Македонија нема закон за алтернативна медицина во која што спаѓаат акупунктурата, био-енергијата, психотерапијата, хомеопатијата, јогата и хуманата јога, реики, прана, киропрактика, ајурведската медицина и уште многу други алтернативни методи на лекување кои сега и многу години наназад се практикуваат, опстојуваат и не се санкционирани, ниту забранети од Министерството за здравство ниту од било кои друг државен орган. Продолжувате г-ѓо Балабан со Вашите лаги и клевети, цитирам:,,Луѓе што се представуваат како исцелители и надрилекари масовно ги мамат граѓаните, а надлежните се вртат во круг.,, Кој повторно Ви дава за право и врз основа на што го нарекувате м-р Јосип Грбавац Брацо ,,исцелител,, ,,надрилекар,, и ,,измамник,,.Кој тоа Ви го кажа?, Кој Ви дошепна?, Каде го видовте, препознавте или можеби некаде прочитавте? Само Вашиот ум и слободата што си ја давате при пишување во вашиот медиум Ви дозволува извитоперено да ги презентирате фактите. ,,Минатиот пат процените беа дека организаторот собрал 20.000 евра,, можеби и ова го ,,слушнавте,, од санитарната инспекција. ПОДЛО од Ваша страна. Ми предлагате во името на мојата хуманост, парите од влезниците да ги донирам во добротворни цели. Кога станува збор за парите добиени од продажба на билетите,меѓу другото и Вам ви овозможија комфор при престојот во изнајмените четири сали на конгресниот центар и фоајето на прекрасниот хотел ,,Александар палас,,.Но, не грижете се за парите и овој пат тие беа контролирани од инспектори на УЈП. Во декември во инспекциски надзор беа и трудовата инспекција, инспектори од секторот за странци на МВР и Санитарната инспекција. Ни тогаш, а ниту сега (со исклучок, овој пат на Санитарната инспекција) не беше поднесена никаква прекршочна пријава, што секако со сласт Вие за тоа би пишувале. Ако Ви е за утеха имате колешка од ТВ медиум, што исто лаже како Вас и која во најавата за прилогот за Брацо кажа дека организаторот работел без фискални сметки.!!! Од интервјуто што Ви го дадов само наведовте за огромните трошоци кои Ви ги презентирав, најтранспарентно како што се авионските билети за Брацо, неговите соработници и г-ѓата Анџелика Витклиф, главен организатор на настапите на Брацо во САД, Австралија и Јапонија, нивното тридневно хотелско сместување, рента-кар веќе споменатото изнајмување на хотел ,,Александар палас,, обезбедување и придружен персонал од 60 луѓе, огласите во медиумите, билборди и постери, печатење и продажба на влезниците и уште многу други трошоци што секаде ги има, во сите европски земји и Америка во кои Брацо престојува и поради тоа секаде (сем Загреб) се наплатува симболична цена на влезницата во обид да се покријат големите трошоци (и без спонзорства) што секогаш и не се остварува. А мојата хуманост ја ценат моите пациенти, клиенти и колеги веќе 30 години. Никој во овие изминати години, не се пожалил, ниту фрлил било каква дамка врз мене и врз мојата работа. Ова што Вие го чините сега против мене е за прв пат, но за моја среќа, се е лага и инсинуација. МНОГУ ИЗВИТОПЕРЕНО. Брацо со својата доблест и ние како организатори и покрај навредите кој со ист вокабулар и минатиот пат и на денот на настанот ги напишавте за Брацо и нас, Ви допуштивме да ја проследите манифестацијата, да фотографирате што дотогаш на ниеден новинар не му било дозволено. Од обемното и ексклузивно интервју што го добивте од мене, како и од г-ѓа Анџелика Витклиф не напишавте повеќе од две-три реченици и тоа околу трошковите за организацијата (само парите ви се вртат во главата). Единствено жалам за изгубеното време и за она што Ви го раскажав интимно и доверливо со отворен ум и искрено за мојата животна борба и како го запознав Брацо. Сето тоа не сте го заслужиле ни како човек, уште помалку како професионален новинар и нека Ви служи на чест. Но затоа се обидувате во Вашето пишување причините за одредени проблеми во нашето здравство да ги истакнете како ,,добро тло,, и поволни за неговото успешно ,,дејствување,, во Македонија. Како тогаш ќе го објасните фактот дека во земјите со врвно организирано здравство: Словенија, Австрија, Германија, Швајцарија, Унгарија, Италија, Хрватска, САД, каде Брацо со задоволство е прифатен од повеќе илјадници негови обожаватели. Апсурд со Вашата ,,експертска,, аналогија. Не сте прочитале ниту ред од веб страната за Брацо каде што неговиот метод научно во детали е објаснет од истакнати и признати експерти од целиот свет, кои предходно го проучиле и истражиле. Врвни стручни лица од медицината, невропсихијатри, психолози како што е и еминентниот проф.д-р Владимир Груден од Медицинскиот факултет во Загреб и м-р Драго Плечко, како и многу други, кои научно ги следат најголемите феномени во светот, јогини, будисти, Саи Баба, Далај Лама и др.; напишале и книги за него и јавно кажуваат по хрватските медиуми за Брацо како за голем харизматик-феномен. Но, Вие г-ѓо Балабан ни збор не сте напишале за оние што навистина се бават со гатање, баење, ,,исцелителство,, и надрилекување што секојдневно и постојано ординираат како што Вие милувате ..медицински,, да ги нарекувате нештата. Какви, од кого и од кога имаат тие дозволи? Зошто не се занимавате со нив? Можеби тука лежи и одговорот на прашањето: На кого му пречи Брацо? и Кој сака да го спречи да доаѓа Брацо во Македонија? Секоја ,,чест,, на совеста на оние новинари кои ортачки и во спрега со локалната мафија, ,,несакајќи,, со синергија штитат нечии интереси. ДВОЛИЧНО!; ПОДЛО!; ИЗВИТОПЕРЕНО! Навредите ги усмерувате кон сите посетители (обожаватели на Брацо), цитираме: ,,Брацо исцелителот од Хрватска успеа да собере три илјади пациенти со поглед.,, Со каква моќ и стручност Вие располагате за да успеете да препознаете во нив толку многу пациенти? Навредата е поголема затоа што меѓу посетителите имаше и видни луѓе од културата, политиката, уметноста, естрадни уметници, доктори на медицина и од други интелектуални слоеви.“Дури одкако заврши терапијата на исцелителот и додека организаторот неможеше да ги преброи продадените билети “(и ова ли е став од Санитарната инспекција кој Вие го пренесувате?),“ беше издадено апсурдно решение за забрана на вршење на дејноста.,, Продолжувате да ја лажете јавноста од почеток до самиот крај во Вашите написи, а при тоа сте арогантни и со подсмев-срамно за Вас- наведувате: иако неговата дејност е од областа на алтернативната медицина, Брацо кај нас успеа да стане ,,културен работник,,. Веќе нема крај на Вашите клевети и квази експертски проценки што се граничат со безобразлук од ваша страна. Брацо како писател и издавач е вршител на КРЕАТИВНИ УСЛУГИ, а Вие успеавте да станете голем измамник и манипулатор. Методот на Брацо нема ни ,,А,, од алтернативна медицина, по кој пат да Ви објаснувам? Во Вашите клевети сте навеле дека санитарните инспектори “не предупредиле” дека следниот пат уште во старт ќе биде забранета средбата со Брацо. И ова не е точно како и се друго што сте напишале, што значи ни усмено, ни писмено нам како организатори не ни е соопштено и повторно нагласуваме дека Брацо и неговата дејност немаат ништо допирно со Санитарната инспекција. Со сите против аргументи што ги имам на располагање, а произлегуваат од Вашите лажни, клеветнички, навредливи и тенденциозни написи кои нанеле голема штета на нашиот углед и авторитет, а при тоа извршивте и психичка тортура врз Брацо и нас како организатори, вистината ќе се утврди пред кривичниот Основен суд Скопје 1. Секако дека бараме и ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ОД ВАС. Повеќе немам намера да полемизирам со Вас преку Вашиот весник ниту да имам било какви контакти со Вас, освен при судската постапка каде Вие треба да ја докажете Вашата ..невиност,,.
Брацо и Stanislav G. O`Jack Брацо имаше прекрасна средба со Др. William Tiller, почесен професор на Универзитетот Stanford во Scottsdale, AZ. Triller го почитува Брацо како водечка личност во “Новата парадигма”, како што тој го нарекува.
Посетата на Брацо закажана за 17 и 18 март 2009 година е одложена. Терминот и локацијата за наредната посета дополнително ќе бидат објавени. Информации (Македонија): Тел. +389(0) 75 25 48 25. Роденденот на Брацо на 23-ти Ноември, 2008: Илјадници луѓе дојдоа да му се заблагодарат на Брацо ! Како и секоја година, роденденот на Брацо е посебен ден за сите негови посетители и илјадници луѓе дојдоа од цела Европа да го прослават и да му се заблагодарат. На овој ден дури и на децата им е дозволено да го видат Брацо, а потоа сјајот во нивните очи кажува се за тоа што Брацо им го дава на луѓето. Оваа година дојдоа повеќе луѓе да го видат Брацо, отколку за неговиот 40 роденден во 2007 и можеше да се видат многу нови лица од Германија, Австрија, Швајцарија, Словенија и Унгарија кои дојдоа за прв пат да го видат Брацо во Сребрњак на неговиот роденден. Многу телевизиски канали и новинари дојдоа да известуваат за Брацо и беа земени многу интервјуа, кажани импресивни приказни за промените во здравјето и во животните приказни, кои резултирале од импулсот кој Брацо им го дава на неговите посетители. Уште еднаш, ова беше возбудлив ден и на пладне многу луѓе чекаа пред зградата да излезе Брацо и да одржи сеанса со повеќе од илјада луѓе под синото небо придружуван од сончевите зраци.
Изјави Драга Меги, Ви благодарам многу за среќата што ја почувствував вчера. Учествував во многу професионално организиран настан и се што можам да направам е да Ви честитам, а сеансата со Брацо... беше навистина изненадувачка. Искуството што го доживеав во прв ред беше извонредно. Болката стара илјада години излегувајќи од дното на мојата душа можеше да резултира само со плачење, кое беше смирено од срдечниот поглед на Брацо. Од минута во минута ме опкружуваше безкрајна смиреност, и знам дека за тоа можам да ми заблагодарам само на него!!! Вчера беше убав ден...! Би сакала никогаш да не ги заборавам тој поглед...тоа чувство! Копнеам да се вратам... заради него... Поздрав до Брацо, Marcsi. Вчера, за прв пат во мојот живот, доживеав чудо. Искусив толку фантастично нешто, за кое можам да се заблагодарам на Вас и на сите организатори и волонтери, што го доведовте овде овој почитуван човек. Тешко е да го опишам со зборови тоа што го почувствував кога тој не “погледна”. Како надворешниот свет околу мене да престана да постои, го изгубив чувството за време, само го гледав него, кој излегуваше како Бог од светлина. Тој беше опкружен со зраци од бела светлина. Тоа зрачеше со таква смиреност, каква што секогаш сум сакала да почувствувам. Имав чувство дека “го најгов патот до дома”. Исто како кога се прашувате за нешто, барате нешто, но не можете да кажете точно што, сега кога сум близу до него, чувствувам дека ова е тоа што го барав. Ова е состојбата во која моето срце и душа сакаат да бидат. Моите очи беа полни со солзи, иако не сакав да плачам, солзите постојано ми надоаѓаа. Тоа беше прекрасно чувство, да се избањаш во неговата љубов. И после тоа јас примив уште нешто од него! Почувствував како нешто ме прегрнува, тоа беше неопишливо, прекрасно, чувство. Почувствував огромна среќа. Дури не се осмелувам да поверувам дека тоа ми се случува на мене. ВИ БЛАГОДАРАМ Брацо! Не знам што ќе ми донесе иднината, но тоа и не ме загрижува многу, бидејќи што и да се случи ќе го прифатам. Чувствувам голема смиреност во моето срце, се чувствувам сигурно, можам да се потопам во неговата љубов во секое време, ова е многу смирувачко. На секого му посакувам да го пронајде ова чудо што Брацо ни го даде на нас. Затоа што тој е одреден да ни го пренесе тоа на нас, а ние треба да го прифатиме тоа што ни го нуди тој од срце. Јас сум благодарна што го доживеав ова со Вас во овој фантастишен половина час. Ом посакувам на сите се најдобро, и можеби неговата љубов ќе не состават сите заедно. Gy.A. Драга Меги, имам многу добри вести во врска со моето дете, ја имаш нејзината фотографија од сеансата, можеби се сеќаваш дека ти пишав за нејзиниот проблем со метаболизмот, од што и се појавија ужасни темни пигменти на вратот кои што веќе со години не исчезнуваат, и покрај тоа што посетивме многу болници. Но нешто неверојатно се случи. Пигментите речиси исчезнаа од нејзиниот врат, а нејзината кожа стана посветла, не само на вратот туку и на целото тело. Многу сум среќна, затоа што бевме многу очајни, бидејќи за девојче многу е важно како изгледа нејзината кожа, и бев исплашена што може да се случува внатре во неа, што би можело да го предизвика целото ова, и фактот дека секогаш постои надеж што ми ја подобрува мојата психичка состојба, и сега се надевам дека исто така можеби има решение и за другите мои проблеми. Но поважо е тоа што мојата ќерка се осмелува да носи блузи со кратка јака и никој не ја исмејува, велејќи и дека нејзиниот врат е “нечист”, што беше многу тешко за неа, бидејќи нејзината кожа навистина изгледаше така. Многу сум му благодарна на Брацо, а исто така и на Вас. Ildikó Драга Меги и сите останати, би сакала да ја поделам мојата среќа со Вас. Во понеделникот ги направив годишните испитувања за контрола на остеопороза и според медицинскиот извештај повеќе немам остеопороза, туку само фазата пред остеопороза. Пред три години го скршив рачниот зглоб и тогаш ми открија дека имам остеопороза. Секоја година правам мерења на густината на коските, и секоја година мерењата покажуваа дека имам остеопороза. Всушност резултатите беа најлоши во втората година. Постојано примав лекови, еднаш неделно за метаболизмот на коските, и исто така и калциум и витамин Д за коските. А сега во третата година, какво чудо, немам остеопороза. Секако, тоа не значи дека моите коски се како на 20-годишник, затоа што јас има 63 години, но за мене е од големо значење што мојата состојба не се влоши повеќе, ниту стагнира, туку започна процес на подобрување. Немам слушнато такво нешто претходно, во општо главниот аспект е превентива, и тоа најчесто го наоѓате кај производите. Ако процесот веќе започнал, Ве охрабруваат да направите се што е возможно за состојбата да не Ви се влоши уште повеќе. На 27-ми април за прв пат се видов со Брацо во Виена, и потоа уште во два наврати, и на 4-ти август во Загреб. Секоја сеанса беше опсипување со љубов на моето тело и душа. Тешко е да се опише со зборови, но на секого му посакувам да ја почувствува внатрешната сигурност. Уште на првата сеанса јас знаев и чувствував какви ќе бидат резултатите на следната медицинска контрола. Многу пати го гледав DVD-то во Унгарија, кое беше ставено како додаток со книгата, на кое има жена која вели дека исто така имала остеопороза, но дека сега се е во ред. Кога го гледам тоа, секогаш чувствувам дека и јас исто така оздравев. Сигурна сум дека овој вид на подарок ми го даде Брацо. Неговата енергија со љубов беше таа што ми ги преуреди ќелиите. Ви благодарам, Ви благодарам, Ви благодарам! Со љубов, Éva W. Вести и извештаи Содржина :
Роденденот на Ивица
Брацо во Виена: По шести пат Брацо дојде во Виена и повторно илјадници посетители дојдоа за да присуствуваат на неговите сеанси, исто така од голем број на земји како Украина, Чешка и Словашка. Повторно можевме да забрлежиме голем број на импресивни изјави, дури и од луѓе кои ја примиле неговата помош преку слики. Сите ја очекуваат следната сеанса со брацо на Пирамидата на 29-ти јуни.
Големиот Махариши Свами Дев Мурти го посети Брацо Големиот Махариши Свами Дев Мурти му покажа голема чест на Брацо и неговото место Сребрњак со својата посета, со поминатото време таму и со благословувањето на постојана работа на неговиот тим. Свами се молеше на местото каде Брацо се концентрира преку ден – во неговата колиба од бамбус. Пред вечерата, Свами ги одговори прашањара од гостите на Брацо. Тој ја посети оникс салата, оставајќи позитивни вибрации од 106-годишниот учител... “Боже мој луѓе”, рече тој пред да си отиде и донесе нова голема радост во Сребрњак.
|
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Центар за душевна и телесна ревитализација ДООЕЛ "САЛУС ПЛУС" - Скопје Тел: 075/25 48 25 |