|
Интернационални термини |
| D: |
Böblingen |
11.09.2010 |
| A: |
Wien |
19.09.2010 |
| CH: |
Zürich |
26.09.2010 |
| SLO: |
Ljubljana |
5.09.2010 |
| SLO: |
Rogaska |
8.09.2010 |
| USA: |
Jackson Hole |
02. - 03.10.2010 |
| USA: |
Las Vegas |
October 2010 |
| USA: |
Philadelphia |
22. - 24.10.2010 |
| USA: |
Miami |
October 2010 |
USA: |
Los Angeles |
16. - 18.10.2010 |
USA: |
San Francisco |
8. - 10.10.2010 |
USA: |
Hawaii |
29.12.10 - 2.01.11 |
| JAPAN: |
Kobe |
April 2011 |
|
|
|
Брацо и неговиот животен пат
Брацо е од бивша Југославија. Тој е роден во ноември, 1967 година, во
Загреб/Хрватска, каде се наоѓа и неговиот центар, кој секој месец е посетуван од
илјадници луѓе од целиот свет. Но, денес Брацо патува се повеќе и повеќе, и постојано
има сеанси во Германија, Швајцарија, Австрија, Словенија, а исто така и посетува
бројни меѓународни конвенции и конгреси. Новинарите и научниците кои го виделе
Брацо и ја истражувале неговата аура и неговата енергија, биле импресионирани од него,
од резултатите и од големиот број на документирани изјави. Експертите се исто така
импресионирани од способноста на Брацо да има толку силно влијание врз неговите
посетители на исклучително млада возраст и тој очигледно го достигнал нивото на
свесност на свои четириесет години, ниво кое што дури и најпознатите учители не
успеале да го достигнат пред својата шеесета, седумдесета или осумдесета годишна
возраст. Брацо не ги поврзува своите успеси со ниту една форма на религија или со
некоја специфична методологија. Тој постојано го менува своите методи на работа,
обидувајќи се да развие што е можно понапредни методи, за да овозможи што поголем
број на луѓе од целиот свет да ја почувствуваат таа енергија и свесност.
На 24 години тој ја добил својата диплома по економија. Неговиот прв состанок
со исцелителот Ивица Прокиќ од Србија, во есента во 1993 година, го променил неговиот
живот: Тој се откажал од неговата работа на фарма како како бизнисмен, и му се придружил
на Ивица со исклучителна посветеност и пријателство се до неговата неочекувана смрт,
во пролета, 1995 година. Брацо не беше свесен дека тој е роден за да биде Тој што ќе
ја продолжи работата на Ивица, се додека не почнале луѓето постојано да доаѓаат за
да му кажат дека ја чуствуваат моќта што тој ја носи во себе и дека треба да се
обиде да им помогне.
Денес Брацо само гледа во посетителите, кои се во групи од 50 до 1.000 луѓе,
не правејќи никакви индивидуални состаноци или третмани. Тој ги допира луѓето
само со своите очи, а врската меѓу него и посетителите е составена од мисли,
енергија и длабока внатрешна љубов. И очигледно е дека љубовта и енергијата можат
да поттикнат во луѓето посебна моќ, која ги охрабрува да го променат својот живот
и да ги надменат своите проблеми.
Брацо не зема пари за помошта и сеансите што ги пружа. Тие или се бесплатни
или надоместокот е многу мал, колку да може да ги покрие престојот и административните трошоци.
Важна забелешка:
Енергијата може да ги преоптовари децата, затоа сеансите не се отворени за посетители
помали од 18 години и за бремени жени (после третиот месец од бременоста).
За Вашите деца и за други луѓе кои не се способни да дојдат на сеанса, можете
да донесете слика од нив, која ќе ја држите во раце за време на сеансата.
|
|
| Датуми и настани во САД/Јапонија |
|
3-4 Октомври, Jackson Hole,Wyoming
8-10 Октомври, San Francisco
Брацо за Нова Година на Hawaii
29 декември, 2010 - 2 Јануари, 2011
Брацо во Јапонија
Април 2011,
погледнете повеќе на:
Датуми и настани
|
|
Сребрњак 1, Загреб
|
|
Најчесто можете да посетите сеанса со Брацо во неговиот центар во Загреб од понеделник до среда.
Во четврток и недела центарот е затворен.
Во петок и сабота, додека Брацо патува низ Европа, можете да посетите сеанса со глас на Сребрењак 1.
Погледот на Брацо:
понеделник 08:00 - 18:00.
вторник 08:00 - 16:00.
среда 08:00 - 16:00.
Гласот на Брацо
петок 08:00 - 16:00.
сабота 08:00 - 13:00.
|
|
Правно одрекување
|
|
Сеансите со Брацо не се поврзани со ниту една религија, црква или идеологија.
Тие се отворени за секого независно од неговата религија, раса, боја на кожата и култура.
Брацо не ветува помош или лек и сеансите со него не се замена за медицинската помош или терапиите кои што вашиот доктор Ви ги препишал.
Ве молиме следете ги советите на вашиот доктор пред и после секоја сеанса и консултирајте се со докторот за секој проблем со здравјето.
Брацо се обидува да им даде нешто на своите посетители во обид да им помогне на докторите, но тој не е замена за докторите, медицината и терапиите.
|
|