Извештаи во весниците
New Visions Magazine – The Gaze of Braco
Понеделник, 30 Август, 2010
Напис во Истражувач на земјината трансформација, Hawaii,USA:
Неверојатна приказна за исцелителство се развива во Загреб, Хрватска
На 17 Фефруари, 2010, бев повторно во Хрватска со човек чијшто тивок поглед помагаше на безброј животи, Брацо. Имајќи ја сега напишано и објавено првата книга што хронолошки го документира животот на Брацо (21 Days with Braco) и освојувајќи го предизвикот за да се одведе надвор од Европа, во неговата Турнеја во САД, го придружував Брацо во неговиот дом во Загреб. Турнејата заврши на 6 Февруари, завршувајќи на Хавајските Острови, после еден месец поминат по патиштата, посетувајќи седум локации. Добро заслужениот одмор и време за обнова беше прилика за мене да го подготвам за следната работа, за следното патување на Hawaii во Април, и посетата на Јапонија во Јуни. Беше возбудливо да се претстави Брацо пред нова земја и нови посетители, со многу планови, решителност и интензитет. Дури и сега во време на релаксација, не барајќи нова приказна и материјал, здивот ми се одземаше од средбата со човекот чиј живот преставува вистинско чудо и Брацовото влијание за трансформација.
Денес на Srebrnjak 1, центарот на Брацо во Загреб, присуствував на сесија со поглед и запознав млад човек кој држеше во раката снимки од рентген и извештаи од локалната болница кои само што ги добил. Неговото име е Јосип Јелавиќ, и тој ми кажа дека поминало една година од драматичната несреќа по која останал во кома и по која се соочил со смртта на возраст од 30 години. За Јосип, Брацо е единствената причина поради која тој е жив денес и неговата приказна е една од најзабележителните што некогаш сум ја чул. Пејачот во рок бенд, Јосип Јелавиќ имал ужасна несреќа на 17 Јануари 2009. Лош пад го оставил со повреди на неговата гла на три места, вклучувајќи скршеница на черепот на едната страна која барала итна операција на мозокот за да се отстрани длабоко навлезената коска. Во текот на ризичната операција, Јосип западнал во длабока кома и бил приклучен на апарати за одржување во живот. Неговата фамилија и пријателите биле известени да дојдат веднаш во болницата за да се поздрават за последен пат во животот. Докторите биле убедени дека тој нема да го преживее следниот ден. Јосип ги преживеал следните два месеци и петнаесет дена приклучен на апарати за одржување во живот, но докторите се подготвувале да ги исклучат апаратите бидејќи тој бил безнадежен.
Пријателите на Јосип сакале да му помогнат и донеле DVD плеер во болничката соба и трипати во неделата ми пуштале DVD од Брацо. Како што Јосип ми ја кажа неговата приказна тој никогаш не чул за Брацо пред несреќата, но откако се разбудил од кома го препознал поради некоја мистериозна околност. Тој сватил дека безсвесен, се сеќавал на живот во ужасна, несватлива реалност која била мрачна и злобна. Како агресивната и лута музика која ја пеел со својот бенд пред повредата, неговиот животен стил и емотивна состојба била деструктивна и оцрнета како што местото на кое се нашол заглавен во хаос.
Додека бил во кома, Јосип има сеќавање за средба со луѓе од кои некои ги познавал а некои не. Но она што е важно дека тој видел две фигури пред него, еден кој веднаш го идентифицирал како Исус а другиот подоцна го препознал како Брацо. Тоа беше Брацо кој зборуваше со Јосип додека тој беше во кома. Брацо му рекол дека мора да остане жив и да го следи неговиот пат, и потоа одредил “Ќе останеш жив”. После оваа посета, Јосип опиша како нашол мир во неговиот мрачен затвор и конечно бил способен да го најде патот за враќање од таа мрачна реалност во нашата. Два или три дена подоцна, тој се разбудил од кома и кратко време потоа се вратил дома на рехабилитација.
Кога пријателите на Јосип и неговиот бенд го посетиле за првпат во неговиот дом, веднаш му кажале дека е поинаква личност, буквално друга личност! Тие забележале дека се чуствува добро што е присутен. Исто така му кажале на Јосип дека е добар човек, исполнет со видлива добрина. Дури и Јосип себеси се чуствувал емотивно променет од агресивен и лут во позитивен и исполнет со надеж за добар живот. Сега тој посакува да им помогне на другите луѓе и да ја зграби добрината на животот. Пред несреќата, Јосип свирел на гитара и пеел во својот бенд од четири члена дека “му се допаѓа” идејата на злото, и користел лутина и агресивност за да ја напои својата музика. Велел дека тој не е добра личност, колнејќи и третирајќи ги луѓето без почит, дури и неговите другари од бендот. Сега, по будењето од кома, не само неговото однесување е променето, туку и однесувањето на неговите другари музичари. Денес тие заедно ги гледаат DVD-њата од Брацо и Брацовиот симбол, сонцето, е околу нивниот врат. Добро ги третираат нивните девојки, ги почитуваат другите и нивните животи.
После една недела, групата на Јосип, Resist, ќе влезе во студио за да сними нов албум – десет песни посветени на Брацо. Објаснувајќи ја новата музика на бендот како хранење на душата и како повеќе добра природа, Јосип истакна дека повеќе не е врзан за височините на животот, но дека сака само нормален живот исполнет со среќа – нешто што е повеќе од доволно. Сега, без потешкотии, неговиот бенд стана познат со нивниот нов идентитет. На крајот на утринската негова посета на болницата, докторот ги прегледал сите рентгенски снимки и извештаи, и го прашал Јосип зошто е во неговиот кабинет кога се е во ред со него, кога сите нови снимки се перфектно добри. Докторот не ја знаел медицинската историја на Јосип, и дека немал шанси да остане целосно здрав по несреќата. Јосип откако ми ги покажа старите снимки, се насмеа, полн со среќа, некој кој не само што искусил вистинско чудо, туку и доживеал и вистински мир.
Пред да си замине, Јосип напомена дека тој и неговите другари од бендот основале фондација со име “Добри Вибрации”, која е посветена на помагање на немоќните. Оваа фондација организира достава на лекови на тие на кои им се потребни, превоз на луѓето до болница, и посета на постари луѓе на кои им е потребно друштво и внимание. Патувајќи, од Шибеник, близу Сплит, за да го види Брацо тој ден (4-5 часа), Јосип на крајот учтиво ми рече дека мора да оди, а јас ја земав неговата фотографија и му посакав среќа со новиот албум. Мојата желба во тој момент беше да слушнам за него во следната моја посета на Хрватска. Знаев дека влијанието од Брацо, било од сесија со поглед, читање книга за него или гледање на неговите филмови може силно да и помогне на луѓето. Ова беше мистериозен подарок на изворот, испорачано од нашиот мил Брацо, размотувајќи се секојдневно низ животите на најнеотчекуван начин.
Меѓународни статии
Статија во германскиот магазин “Fliege” за Брацо:
Статии од Европа |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |










