Однесување за време на сесија

Однесување за време на сесија со поглед

Луѓето се придружувани до собата за сесијата со поглед во закажаното време и билетите се земаат на влезот.

Луѓето во инвалитска количка, на штаки или со импланти, постарите или луѓе со понизок раст може да бидат повикани во првите три реда.

Презентерот има 10 – 20 минутно обраќање за Брацо и кажува некоу основни информации за текот на сесијата со поглед. За оние кои присуствувале на некоја сесија предходно им се укажува шанса да изкажат некое сопствено искуство. Ова запознавање има за цел да ги запознае со клучните информации за сесијата сите оние кои за првпат присуствуваат.

По затварањето со презентацијата, групата ќе биде замолена да стане за сесијата со поглед (луѓето кои не можат да стојат може да останат да седат).

Специјална музика свири за време на сесијата со поглед и Брацо застанува на сцената за да ги гледа луѓето во време од 5-8 минути. Додека Брацо гледа во нас, ние можеме да му го возвраќаме погледот.

Кога Брацо ќе ја напушти сцената, публиката може да остане уште некое време во тишина за да продолжи да го интегрира искуството. Луѓето можат да продолжат да стојат или да си седнат на местата за време на овој период.

На затворањето на сесијата, од страна на презентерот ќе биде кажана финалната објава. Сите ќе бидат замолени да ја напуштат просторијата за да се подготви за следаната сесија.