Биографијата на Брацо

 

Брацо е од бивша Југославија. Тој е роден во ноември, 1967 година, во Загреб / Хрватска, каде се наоѓа и неговиот центар, кој секој месец е посетуван од илјадници луѓе од целиот свет. Но, денес Брацо патува се повеќе и повеќе, и постојано има сеанси во Германија, Швајцарија, Австрија, Словенија, а исто така и посетува бројни меѓународни конвенции и конгреси. Новинарите и научниците кои го виделе Брацо и ја истражувале неговата аура и неговата енергија, биле импресионирани од него, од резултатите и од големиот број на документирани изјави. Експертите се исто така импресионирани од способноста на Брацо да има толку силно влијание врз неговите посетители на исклучително млада возраст и тој очигледно го достигнал нивото на свесност на свои четириесет години, ниво кое што дури и најпознатите учители не успеале да го достигнат пред својата шеесета, седумдесета или осумдесета годишна возраст. Брацо не ги поврзува своите успеси со ниту една форма на религија или со некоја специфична методологија. Тој постојано го менува своите методи на работа, обидувајќи се да развие што е можно понапредни методи, за да овозможи што поголем број на луѓе од целиот свет да ја почувствуваат таа енергија и свесност.

На 24 години тој ја добил својата диплома по економија. Неговиот прв состанок со исцелителот Ивица Прокиќ од Србија, во есента во 1993 година, го променил неговиот живот: Тој се откажал од неговата работа на фарма како како бизнисмен, и му се придружил на Ивица со исклучителна посветеност и пријателство се до неговата неочекувана смрт, во пролета, 1995 година. Брацо не беше свесен дека тој е роден за да биде Тој што ќе ја продолжи работата на Ивица, се додека не почнале луѓето постојано да доаѓаат за да му кажат дека ја чуствуваат моќта што тој ја носи во себе и дека треба да се обиде да им помогне.

Денес Брацо само гледа во посетителите, кои се во групи од 50 до 1.000 луѓе, не правејќи никакви индивидуални состаноци или третмани. Тој ги допира луѓето само со своите очи, а врската меѓу него и посетителите е составена од мисли, енергија и длабока внатрешна љубов. И очигледно е дека љубовта и енергијата можат да поттикнат во луѓето посебна моќ, која ги охрабрува да го променат својот живот и да ги надменат своите проблеми.

Брацо не зема пари за помошта и сеансите што ги пружа. Тие или се бесплатни или надоместокот е многу мал, колку да може да ги покрие престојот и административните трошоци.