Ивица

Тие припаѓаат еден на друг. Луѓето што го познавале Ивица, велат дека денес, кога гледаат во Брацо можат да го почувствуваат Ивица, неговата моќ и неговата енергија. И Брацо се труди да го продолжи она што го започнал Ивица, с ледејќи го патот кон кој е отворен.

Ивица е роден на 4-ти август 1950 година, во мало село, јужно од српските планини. Како мало момче, на седум годишна возраст, кога играјќи си во вода со други деца, Ивица паднал и останал да лежи неколку секунди. Потоа опишал дека за време на тие моменти почувствувал како дел од сонцето влегол во неговото тело – и ова очигледно тоа бил пресуден момент во кој се активирале неговите извонредни способности.

Уште како дете Ивица чувствувал дека е различен од другите деца. Но, му требаше многу време за да свати каков вид на посебни способности поседува. Уште кога бил млад чудни визии почнале да му се појавуваат, и со текот на годините визиите станувале се посилни и посилни. Со време тој забележал дека некои од тие чудни работи што ги имал видено во визиите станале реалност, и конечно Ивица почнал да разбира некои од тие визии и симболи, кои му се прикажувале.

После се, тој дошол во Загреб каде се запознал со некои луѓе кои работеле со биоенергија, а тоа всушност биле луѓето луѓето кои ги препознале неговите исклучителни способности како претскажувач и како исцелител, и кои му го дале конечниот импулс на Ивица за да ја започне неговата работа со љубов и помош. Почнувајќи како претскажувач кој го гледал минатото, сегашноста и иднината, Ивица започнал со работа користејќи мало огледало, што нас не потсеќа на техниката која Нострадамус ја развил и ја користел ви 16-тиот век (тоа се деновите кога Ивица Прокиќ не знаел за работата и личноста на Нострадамус). Подоцна Ивица започна се повеќе да ги развива неговите методи на работа и конечно имал краток, личен разговор со посетителите, на кои има дал лични совети за нивните животи и за животите на нивните блиски личности, чии слики луѓето му ги покажале на Ивица. Тој исто така на секој посетител му поклонил по една негова книга, со цел да им помогне да нучат и подобро да го разберат животот и самите себе, и многу од посетителите дека и преку книгата можеле да почувствуваат силна исцелителна моќ.

Сите го опишуваат Ивица како многу харизматична личност со силни претскажувачки и исцелителни способности, кои со текот на годините стануваат се посилни и посилни. Тој напишал 13 книги и го видел доаѓањето на Брацо, и здружувањето со него, многу порано пред да се запознаат. Тој дури и го опишал Брацо во неговите книги како негов следбеник, и кога Ивица починал тој знаел дека Брацо ќе ја продолжи неговата работа со љубов и здравје.

Брацо го запознал Ивица на 11-ти октомври 1993 година , и во моментот кога го видел Ивица за прв пат, тој доживеал неверојатно чувство на љубов и среќа и веднаш одлучил да се откаже од својот живот на фарма, како бизнисмен, и да му се придружи на Ивица. Откако Ивица починал во 1995 година, луѓето не престанале да доаѓаат. Денес посетителите на Ивица доаѓаат во Сребрњак за да му кажат на Брацо дека тој бил предодреден за да го следи Ивица и да ја продолжи неговата работа. – И тој започнал да ја врши таа работа, која денес, секоја година им помага на илјадници луѓе и на нивните сакани.

Денес, после повеќе од 12 години, неговата моќ е толку силна, што само неколку моменти гледање во група од луѓе се доволни за да ги предизвика сите тие неверојатни ефекти и реакции кај посетителите. Тие ефекти, што се прикажани во повеќе од 76 филмови и кои се документирани во неколку стотици случаеви.