Запознавање
“Сите носиме семе внатре во нас, кое може да биде прекрасно овошје еден ден” – Брацо

Ова е научно објаснување, што илјадници луѓе го почуствувале откако го виделе Брацо. Тој го посветил животот за да ги разбуди сите тие позитивни и прекрасни чуства и енергии кои сите ние ги носиме во самите себе и да им помогне на несреќните, тажните и безнадежните луѓе.
Брацо не зборува со неговите посетители, ниту ги допира или користи некаква друга комуникација и сугестија, тој едноставно гледа во нив. Но неговиот успех и кажувањата на неговите поситетели за фасцинантните откритиа и позитивни промени во нивните животи привлекуваат се повеќе и повеќе луѓе од целиот свет. За време на тивките сесии луѓето се чуствуваат длабоко допрени дури и без да имаат било каков директен допир со Брацо. Тие се чуствуваат допрени од невидливата и тивка моќ, која ги следи во нив и тие пробуваат да ја отворат и присвојат таа моќ.
Драго Плецко, познат научник и експерт од областа на духовниот феномен ја набљудувал и истражувал три години работата на Брацо и неговите резултати. Тој ги објаснува сесиите како “Разговор срце со срце, момент во кој можеме да го вкусиме нектарот на љубовта кој може да промени се во нашите животи и да ни овозможи да создадеме чуда до самите себе и со нашите животи”.
Плецко кажува дека нашите сесии со Брацо се само првиот чекор во процес, кој ние мораме да го продолжиме и дека треба да продолжиме да работиме со таа енергија и моќ која сме ја примиле за време на нашата сесија со Брацо, со користење на медиуми кои можеме да ги понесеме дома.
Брацо никогаш не ветува помош или лекување на неговите посетители и тој кажува за себе дека тој не е исцелител. Тој вели: “Јас сум нормален човек, јас само ја пронајдов таа невидлива енергија и јас сакам да ја споделам со секого. Јас знам дека секој друг може да ја почуствува и носи таа енергија”.
Се повеќе и повеќе научници потврдуваат дека нашето тело и нашиот дух се директно поврзани меѓусебно и сите тие научници не се изненадени од успесите и кажувањата за работата на Брацо, бидејќи тие знаат дека здравјето има влијание од духовното ниво.
Брацо ги опишува тие моменти, кога тој стои пред луѓето, со зборовите: “Јас пробувам да ги прегрнам сите тие луѓе и да им дадам невидлива и длабока прегратка од љубов и топлина. Јас пробувам да ја запалам таа искра која секој од нас ја носи во себе и која може да го изгради тој прекрасен пламен од љубов во нас”.