Гласот на Брацо
Брацо патува многу, и неговите посетители во Загреб го знаат тоа. Но тие постојано доаѓаат во центарот, без разлика дали Брацо е таму или не, бидејќи знаат дека можат да ја почувствуваат таа енергија не само со гледање во неговите очи, туку и со слушање на неговиот глас. Во деновите кога Брацо патува низ земјите посетителите доаѓаат во Сребрњак, во група, и го слушаат неговиот снимен глас. Повеќето од нив ги затвораат очите во тие моменти и ја доживуваат точно истата реакција како кога стоеле пред Брацо и гледале во неговите очи. Кај некои од нив реакцијата е дури посилна кога го слушаат гласот на Брацо, а резултатите со нивното здравје и со другите проблеми се на исто ниво како и при директните сеанси со Брацо.
Брацо зборува на својот мајчин јазик, и многу е неверојатно тоа што дури и во Германија или во други земји каде луѓето не разбираат што зборува Брацо, реакциите на посетителите за време на сеансите со глас се исти со реакциите на оние луѓе што го разбираат Брацо. Овој резултат на многу добар начин укажува на тоа дека не е важен методот по кој ќе дојдеме до Брацо и како ја остваруваме врската со него и со оваа енергија. Што чувствувааме и што добиваме едноставно зависи од тоа колку сме отворени и дали можеме да ги надминеме нашите внатрешни бариери. Ова е нашиот пат во тој процес, ова е како ние можеме да придонесеме во остварувањето на промените.
Многу луѓе ги повторуваат тие моменти гледајќи го дома филмот со гласот на Брацо, во кој освен што го гледате Брацо можете и да го слушате.
Објаснувањата и заклучоците на експертите и научниците се исти како и нивните заклучоци за сеансите со Брацо. За време на тие моменти, кога го слушаме гласот на Брацо ние очигледно дека можеме достигнеме повисоко ниво на свесност. Тоа е ниво на свеснот кое повеќето од нас не можат да го достигнат без помош на Брацо, и за време на тие моменти ние очигледно можеме да ја развиеме, почувствуваме и користиме таа внатрешна моќ која може да ни ги промени животите.