Трите фази на ефектот
Драго Плацко, добро познат научник и парапсихолог кој го истражувал Брацо и неговата работа повеќе од три години, заклучил дека ефектот што Брацо го предизвикува кај посетителите може да се подели на три нивоа и фази. Врз основа на тие заклучоци, тој на посетителите им ги дава следните совети:
1. Потрудете се да разберете!
Разберете дека Брацо не е исцелите во класична смисла на зборот. Тој не емитира електромагнени зраци, кои можат да се мерат со инструменти. Неговиот “modus operandi” се базира на забелешката дека има вид на извршување на колективна свесност во нашиот живот. Замислете поле со слична свесност, а вашите проблеми и недостатоци се мали светли точки во тоа поле. Вие сте премногу слаби за да ги решите овие точки и радикално да ја промените ситуацијата. Затоа сте овде. Брацо е една многу ретка личност, која ја има способноста да ги отстрани тие недостатоци од Вашиот живот подигајќи го Вашето духовно ниво, независно дали Вие го разбирате тоа или не. Тоа се случува со неговото целосно присуство. Во тој момент, за време на сесијата, Вашите мисли стануваат екстремно моќни и Вие можете да ги искористите за да си помогнете сами на себе, да си ги решите здравствените проблеми, конфликтите во фамилијата, емоционалната блокада или дури и финансиската состојба.
2. Вториот проблем е што секое искуство со текот на времето бледее.
Како и да е, повеќето од посетителите сакаат да го зачуваат и да го одложат неговото дејство во животот. Има два начина за да се направи тоа: Првиот е поортодоксен и се состои ос пишување на спецјално дизајниран дневник (“Првата книга за исцелувањето”). Ова е начин за да го продолжите тивкото влијание на Брацо во Вашиот живот. Дополнително треба да напишете неколку предлози, кои постојат за да го отстранат влијанието на Вашата потсвест, за да можете потполно да се отворите кон таа енергија, кон таа безусловна љубов, која само неколкумина можат да ја пружат. Вториот начин, е помалку ортодоксен, се состои од гледање на кое било видео или DVD со Брацо. Се базира на феноменот на звучност. Тридимензионалната слика од Брасо на екранот силно Ве потсетува на моментите поминати со него и ја создава истата состојба во мозокот. Тоа е звучност. Тоа е научно докажано. Истото ова важи и за ефектите од златното сонце, симболот на Брацо. Овој симбол очигледно влијае на Вашата потсвест, каде можете да почувствувате дека можете да се поврзете со Брацо во кое било време и можете да го почувствувате она што тече низ Брацо без да бидете со него.
3. Третата тема се книгите од и за Брацо.
Во овие книги можете да ги прочитате деталите од биографијата на Брацо и да научите повеќе за него и Ивица. Книгите исто така содржат совети за секојдневните проблеми и некои неверојатни приказни од луѓе на кои Брацо им помогнал на најнеочекуван начин. Зошто е добро за Вас да ги прочитате? Сите имаме сомневања – ние сме цивилизација на алчност и сомневања. Фактот што знаете дека некој пред Вас успеал, се исцелил или го решил проблемот што Вие го имате, Ве охрабрува. Ви ја дава потребната подршка за да ја надминете депресијата и недостатокот на самодоверба. Прочитајте ги на релаксиран начин и ќе видите колку Брацо ќе ви стане близок на Вас.”
Драго Плецко.
Објаснувањата на Плецко ни помогнаа да разбереме повеќе за Брацо и неговата моќ и енергија. Неговите заклучоци се потврдени со реакциите на луѓето и од ефектите од книгите, филмовите и златното сонце. Ако сакате да знаете повеќе детали за филмовите и книгите, Ве молиме отидете на страната “Филмови и книги”.