Златното сонце
Сонцето е симбол на животот и сонцето е изворот кој ни дава живот, светлина и енергија.
Сонцето веќе беше симбол на Ивица и неговата енергија и работа, кога Брацо го запозна и му се придружи во 1993. Во сите негови книги можете да најдете важни детали и примери за специјалната улога на сонцето во работата на Ивица.
Сонцето исто така бил клучен симбол во античките култури и тој материјал, кој често ја одразува моќта на сонцето на материјализиран начин, бил златото. Златото зазема и држи посебна улога во човечката цивилизација од античките култури до денес не само од материјална вредност, која му ја даваме над времето. Поважно е значењето на светлината и енергијата, која овој материјал ја имал во културите во Европа, Америка или Африка илјадници години предходно. Читајќи ги книгите од Ивица и Брацо, можеме да разбереме, зошто тие избрале златно сонце да биде нивен симбол, поврзувајќи ја моќта на сонцето со моќта на златото.
Го знаеме ова сонце веќе од книгите и филмовите на Ивица од предходните времиња. Брацо им се придружи. Но Брацо беше тој што сонуваше дека треба да го направи ова сонце во физичка форма, што ќе ни овозможи да го носиме со нас. Претворено во злато, сега можеме да го допреме и почуствуваме ова сонце носејќи го секогаш со нас, како симбол на љубовта и светлината и како врска со оваа енергија, која просветли многу срца и души.
Брацо го направил првото златно сонце во физичка форма како подарок за роденденот на Ивица. Потоа Ивица направил сонце од злато за Брацо, и потоа тие им дале златно сонце на сите членови на нивниот тим. И најпосле осознале дека тоа сонце може да служи на секого како конекција со таа енергија. Денеска секој кој сака да носи такво сонце може да го стори тоа.